
15.05.2015
Учесничките на оваа, четврта, работилница за ликовни техники имаа можност да се запознаат со техниката декупаж, народски позната како салфетна техника. Обучувачот Димитриј Михајловски прво им ги презентираше репроматеријалите кои најчесто се користат за оваа техника и начинот на украсување на предметите.
Креативките од оваа група покажаа голем интерес. Нив самата техника им беше многу интересна. Тие украсија повеќе стаклени шишиња и украсија неколку видови на сувенири, како чинии, кутии за накит и друго. Дел од Креативките ги искористија старите мауспадови за да ја аплицираат пач техниката и создадоа украси и слики.





Бидете посебни и несекојдневни. Одберете една од нашите поединечни услуги или пакет и подарете го на некој ваш сакан или близок!